Анчелоти со интересен одговор за позицијата на Мбапе: Теренот е широк 68 метри…

July 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти со интересен одговор за позицијата на Мбапе: Теренот е широк 68 метри…

Анчелоти даде интересен одговор кога во поткастот на поранешниот фудбалер Џон Оби Микел беше запрашан за позицијата која Мбапе ќе ја има во Реал Мадрид. Тој едноставно рече дека не се оптеретувал со таа тема и дека вметнувањето на Мбапе во тимот нема да биде проблем. „Теренот е широк 68 метри и нашите офанзивни играчи мора да го покријат тој дел, Мбапе некогаш може да игра лево, некогаш во средината. Ако на пример ве прашам каде играше Винисиус претходната сезона, тој не играше лево крило. Поентата е мобилноста на таквите фудбалери, да можат да се прилагодат на околностите на теренот“, рече Анчелоти. Тој го спомена и Родриго и рече дека повеќето од натпреварите ги играл на десната крилна позиција, но понекогаш во текот на натпреварот се префрла и игра лево.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.