ПСЖ му возвраќа: Брзо заборавил што се бараше од нас

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ му возвраќа: Брзо заборавил што се бараше од нас

Иако веќе Мбапе не е играч на ПСЖ, тензиите помеѓу нив не стивнуваат.

Вчера Мбапе за првт пат по трансферот во Мадрид зборуваше за неговите односи со ПСЖ и беше прилично директен. Тој рече дека имал закани дека нема да игра цела сезона.

Извори на ПСЖ за францускиот весник „L'Equipe“ велат:

„Сметаме дека е големо непочитување на ваков начин да се излезе и да се даваат вакви коментари откако потпиша за новиот клуб. Изгледа брзо заборавил дека тука беше седум години и дека клубот направи се за него. Заборавил и што се не ни побара, што се не му исполнивме. Ова е уште една потврда за нас дека нашиот колективен проект кој го започнавме е првиот и вистинскиот чекор“, потенцира изворот.

Со заминувањето на Мбапе, огромни средства на платниот список ќе се ослободат за ПСЖ, па така тие ќе можат да ангажираат неколку квалитетни фудбалери и да градат тим без французинот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.