July 26, 2024 | | Свет
Атлетико Мадрид има сериозни проблеми во нападот. Одлучија да не му го продолжат договорот на Депај, Мората премина во Милан кој ја плати неговата откупна клаузула, Жоао Феликс е тотално исклучен од тимот и во моментов тренира сам, а сега би можел и Гризман да замине. Гризман наводно има понуда од ФК Лос Анџелес, клуб во кој се неговите сонародници Лорис и Жиру, а Антоан би можел да стане вториот најплатен играч во МЛС лигата ако летово направи трансфер. Воедно, откупната клаузула на Гризман е само десет милиони евра, па тимот од САД лесно би можел да ја плати и евентуално да го убеди Гризман.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |