Талентираниот Ендрик плачеше на претставувањето како нов играч на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

July 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Талентираниот Ендрик плачеше на претставувањето како нов играч на Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Младиот Ендрик денеска беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, а на неговата презентација имало околу 45.000 навивачи. Ендрик многу емотивно го доживеа целиот момент, а истото важеше и за неговото семејство. „Немам зборови да опишам што чувствувам. Не можам да го опишам тоа. Отсекогаш сум сакал да бидам тука и да играм за Реал Мадрид. Тоа ми е сонот од дете. Го остварив нашиот сон, не само мојот туку и на моето семејство. Тоа е и за нив, поради сето тоа што го направиле за мене“, рече тој. Неговиот трансфер веќе две години беше договорен а се чекаше тој да наполни 18 години за да дојде во Реал Мадрид. Во Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 16, а неговиот договор е со важност до 2030 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.