Арсенал сериозно загриза по еден од хероите на Шпанија на ЕП!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал сериозно загриза по еден од хероите на Шпанија на ЕП!

Според информациите кои ги пренесува познатиот Фабрицио Романо, Арсенал наредната недела планира да ги унапреди разговорите со претставниците на играчот од средниот ред на Реал Сосиедад Микел Мерино. Неговиот договор истекува наредното лето, а Романо тврди дека тој не е единственото име на листата на Арсенал, но дека е меѓу приоритетите за клубот од Лондон. Една од клучните работи во целата операција ќе биде цената која Сосиедад ќе ја одреди за Мерино. Наводно Артета го цени Мерино, а преговорите треба да преминат во наредна фаза откако Смит Роу ќе го заврши неговиот трансфер во Фулам.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.