Нико ја донел одлуката за својата иднина, ама уште не ја кажува!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нико ја донел одлуката за својата иднина, ама уште не ја кажува!

Според „Marca“, Нико Вилијамс ја донел конечната одлука за својата иднина и ја соопштил на своите најблиски, но истата сеуште е непозната за јавноста! Тој има неколку опции: да остане во Билбао, трансфер во Барселона, ПСЖ или тимови од Премиер лигата. Фабрицио Романо претходно потврди дека од тимовите кои се заинтересирани за него Барселона е најблизу, па тие до самиот крај ќе се надеваат дека Нико ќе премине кај нив. Можни се и изненадувања како ПСЖ, Арсенал, Челзи или пак да остане уште барем една сезона во Билбао. Ако се одлучи да остане, Билбао има спремен нов договор за него со кој ќе добие значајно зголемување на платата. Наскоро се очекува и официјално Нико да донесе одлука па сите засегнати страни ќе знаат што одлучил.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.