Мбапе одбра бесен автомобил од Реал, ама не смее да го вози!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе одбра бесен автомобил од Реал, ама не смее да го вози!

Како член на Реал Мадрид, Мбапе го следува автомобил од спонзорот а во случајот тоа е БМВ. Мбапе имал опција да бира па го одбрал моделот БМВ И7 М70 кој достигнува брзина од 250 километри на час, а 100 километри достигнува за 3-4 секунди и неговата вредност изнесува околу 200 илјади евра. Но, бизарно е тоа што Мбапе сепак не може и не смее да ја вози оваа кола бидејќи нема  возачка дозвола и се плаши од возење. Тој ќе биде приморан да најде човек кој најверојатно со овој автомобил ќе го пренесува таму каде што ќе му биде потребно.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.