Јунајтед кажа „ДА“ за продажба на Санчо, се знае и цифрата на трансферот!

July 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед кажа „ДА“ за продажба на Санчо, се знае и цифрата на трансферот!

ПСЖ е во активни преговори со Манчестер Јунајтед за услугите на Џејдон Санчо. Иако тој наводно се смири со Тен Хаг, очигледно е дека пак ќе биде продаден. Според информациите на „Le Parisen“, ПСЖ и Јунајтед постигнале конечен договор за Санчо, а трансферот треба да изнесува околу 60 милиони евра. Францускиот медиум тврди дека постигнат е договор меѓу агентот, играчот и ПСЖ, но и дека ПСЖ веќе има усмен договор со Јунајтед за висината на обештетувањето. Санчо во Јунајтед дојде од Борусија Дортмунд во 2021 година, а трансферот чинеше 85 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.