July 29, 2024 | | Свет
Арсенал полека се подготвува за новата сезона каде трета сезона по ред апсолутен приоритет ќе биде освојувањето на Премиер лигата откако во претходните две сезони за нијанси не успеаа да го бутнат Сити од тронот. Иако се поврзуваат со неколку напаѓачи кои би можеле да го засилат тимот, очигледно Артета е задоволен и со тој кој во моментов го има. Запрашан за Габриел Жесус, Артета вели дека во него гледа друг човек, играч кој многу работи има променото и најважно ја има вратено искрата. „Тој изгледа навистина добро, изгледа навистина остро. Тој промени многу работи во текот на летото, дојде во топ форма. И кога ја имате таа основна линија, може да се изградат други работи, но без таа основа немате играч. Треба да биде во таква состојба за да го извлече најдоброто од него. Тој го сфати тоа и навистина сум среќен со она што го покажа“, вели Артета. Допрва ќе биде познато дали ова значи дека Арсенал нема да ангажира играч на позицијата шпиц или пак планира да го задржи Жесус и да донесе друг напаѓач. Конечно се очекува Арсенал и официјално да го потврди Калафиори, а сериозно се заинтересирани и за Микел Мерино.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |