Ибра во свој стил: Дали некој ја гледа телевизијата на Сити? Само вие двајца? (ВИДЕО)

July 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ибра во свој стил: Дали некој ја гледа телевизијата на Сити? Само вие двајца? (ВИДЕО)

Во склоп на пред сезоната, се сретнаа Милан и Манчестер Сити каде „росонерите“ славеа со 3:2. Пред почетокот на натпреварот, Златан Ибрахимовиќ кој сега е во управата на Милан како советник даде изјава за телевизијата на Сити па во свој стил жестоко удри по вработените во телевизијата на Манчестер Сити прашувајќи ги дали воопшто некој ја гледа клупската телевизија како своевидна зафрканција за тоа дека Сити нема фанови. „Имате гледачи на Сити ТВ или? За вас двајца знам (Рајт-Филипс и Лескот кои се поранешни играчи на Сити), но има ли други?“, праша Златан по што следуваше смеење. Погледнете ја комичната ситуација во прилог:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.