Барселона со ултиматум до Нико!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона со ултиматум до Нико!

Барселона чека на одговор од Нико во однос на тоа дали ќе направи трансфер или пак можеби ќе остане во Атлетик Билбао, двете најреални опции во моментов. Тој уште нема донесено одлука, а се очекува истата наскоро да дојде. Како што пренесува новинарот Санти Овале од „La SER“, Барселона му поставила ултиматум на Нико дека оваа понуда е актуелна ова лето и дека нема да го чекаат и наредното и дека возот еднаш застанува. Ова е на некој начин тактика за да направат притисок врз него при носењето на одлуката што би резултирало со потпишување за каталонскиот клуб. Голем притисок Нико има и од неговото семејство, како и од неговиот брат Ињаки Вилијамс со кого заедно играат во Билбао да остане во клубот барем уште една сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.