July 30, 2024 | | Свет
Пеп Гвардиола реагираше бурно на густиот распоред и бара од одговорните лица да реагираат. Тој јасно и директно побара да се промени распоредот се со цел да се заштитат играчите. „Ќе пристигнеме доцна, но не само против Манчестер Јунајтед [Комјунити Шилд], против Челси и Ипсвич исто така. Ќе доцниме. Станува збор да се обидете да не испуштите многу поени, да се обидете да се натпреварувате добро. Немаме играчи затоа што мора да се одморат“, рече Гвардиола. Тој додаде дека ако големите газди и сите институции како ФИФА, УЕФА и Премиер лигата не мислат на играчите, тогаш менаџерите треба да размислуваат за нив. „Ако не се случи тоа, тие ќе умрат, ова е премногу. Затоа се неопходни три недели или еден месец, но натпреварувањето е тука и мора да се прилагодите“, објасни Пеп. Тој смета дека решение тешко да има бидејќи нема намера да се најде решение. „Би сакале да имаме соодветна подготовка, но тоа е невозможно бидејќи репрезентациите заслужуваат да играат и секоја институција како ФИФА и УЕФА и локалните натпреварувања сакаат да го бранат својот производ и да прават натпревари“, дециден е тој. Во рамките на пред сезоната, Манчестер Сити својот следен натпревар ќе го игра против Барселона во САД.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |