Џака: Трансферот од Арсенал во Леверкузен не беше чекор назад, туку два напред!

July 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Џака: Трансферот од Арсенал во Леверкузен не беше чекор назад, туку два напред!

Гранит Џака во интервју за „BILD Bayer04“ денеска даде изјава која дефинитивно ќе ги налути навивачите на Арсенал. „Трансферот од Арсенал во Баерн Леверкузен според мене не беше чекор назад, туку попрво би рекол дека беше два чекора напред“, рече Џака. Тој рече дека како тим наредната сезона треба да бидат подобро од претходната кога ја освоија Бундес лигата, како и Германскиот Куп. Џака дојде во Арсенал во 2016 година за сума од 45 милиони евра, а минатото лето го напушти тимот од Лондон и го замени со Леверкузен во трансфер кој чинеше 15 милиони евра. Тој засега игра одлично во Баер Леверкузен, но ваквата изјава можеби ќе биде изненадување за фановите на Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.