July 30, 2024 | | Македонија
Македонскиот шампион Струга Трим Лум беше трагично елиминирана откако денеска загуби од Пјуник со 3-1 и со вкупни 4-3 е исфрлен во второто коло во рамките на квалификациите на Конференциската лига. Струга Трим Лум најпрво започна во Лигата на Шампионите каде што во 1. квалификациско коло загуби од Слован Братислава два пати (4-2 и 2-1) а од таму продолжи во Лигата на Конференции и за ривал го доби Пјуник од Ерменија. На првиот меч во Охрид македонскиот шампион славеше со 2-1, но вечерва на реваншот имаа продолженија се до 96. минута од средбата, кога Ерменците го постигнаа третиот гол на овој натпревар и така го продолжија натпреварувањето во 3. квалификациско коло. Претходно беше елиминирана Шкендија, како и Тиквеш. Двете екипи играа квалификации во рамките на Лигата на Конференции. За Струга погоди Ибраими, а за Пјуник стрелаа Дебле и два гола постигна Коваленко.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |