Сплет на околности со кои Столе може да заврши во Реал Мадрид!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сплет на околности со кои Столе може да заврши во Реал Мадрид!

Столе Димитриевски како слободен агент летово премина во Валенсија од редовите на Рајо Ваљекано во еден трансфер каде неговото останување во новиот клуб не е загарантирано поради првиот голман на Валенсија Гиорги Мамардашвили кој треба да биде продаден за Столе да остане дел од клубот. Засега, Рајо не успева да го продаде Грузиецот, а ако така остане, до крајот на трансфер периодот Столе Димитриевски ќе има можност да замине за три милиони евра. Последните неколку сезони тој е еден од најдобрите голмани во Ла Лига па не е спорно дека ќе има интерес за него. Сега, медиумтие од Каталонија објавија теорија со која Столе би преминал во Реал Мадрид. Имено, ако замине голманот на Реал Лунин, наводно една од опциите би бил Столе. Воедно, и Кепа Аризабалага кој ја помина сезоната во Реал Мадрид на позајмица а кој е член на Челзи посакува пак да биде дел од тимот од Мадрид. Но, ако и тоа не се случи, опцијата за трансфер на Столе како втор голман во тимот од Мадрид ќе стане реалност. Во случајов, ако Челзи бара огромна сума од Реал Мадрид за трансфеот на Кепа и ако Реал не се одлучи за други опции, нашиот Димитриевски ќе се наметне како реална оција за нив.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.