July 31, 2024 | | Свет
Манчестер Сити е казнет од страна на Премиер лигата поради тоа што последните две сезони дури 22 пати ги прекршил правилата со тоа што доцнел на натпреварите, а сумата изнесува над два милиони фунти. Ова воопшто не е поврзано со тие 115-те наводни прекршувања кои Премиер лигата ги има за Сити, а за кои и клубот од Манчестер одлучи да возврати со тужба против лигата. Зачудува податокот што дури 22 пати доцнеле на стартот на натпреварите, или на стартот на вторите полувремиња каде реално не станува збор за голема казна за клуб како Сити. Од клубот се извинија и рекоа дека ќе ги потсетат играчите и тренерскиот персонал за нивните одговорности.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |