Чави бил отпуштен бидејќи зборувал тоа што не треба

June 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Чави бил отпуштен бидејќи зборувал тоа што не треба

После поразот во јануари од Виљареал со резултат 3-5, Чави рече дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона. Потоа, во месец април рече дека ќе остане минимум до 2025 година, за после неколку недели пак да се потврди првичната одлука, дека тој нема да продолжи во Барселона.

Лапорта кончено вчера отворено разговараше за причината за заминувањето на Чави.

„Чави ми кажа дека има доверба во овој тим, но потоа некои негови изјави изгледаа како да го сменил говорот. Тоа ме натера да се преиспитам и имав чувство дека морам да направам промена, тоа чувство го имаше и одборот“, објаснува тој.

Чави со Барселона успеа да ја освои Ла Лига, како и шпанскиот Суперкуп.

„Чави заврши добра работа, го презеде тимот во моменти на максимални тешкотии. Во февруари се согласив да го пуштам да замине во јуни затоа што е куле и затоа што ни помогна итно да не бараме замена. Потоа тој побара од нас да продолжиме и јас го прашав дали верува во тимот и тој рече да“, рече Лапорта.

Лапорта потенцираше дека оваа одлука му била најтешка за донесување, а слично нешто му се случило и со Меси, Бускец, Алба и Куман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.