Сакаше само во Италија: Довбик ќе биде нов играч на Рома!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сакаше само во Италија: Довбик ќе биде нов играч на Рома!

Стигна потврда од новинарот Фабрицио Романо кој тврди дека Артем Довбик ќе биде нов играч на Рома. Трансферот ќе изнесува 34 милиони евра фиксни плус бонуси каде целиот трансфер би требало да изнесува 36,6 милиони евра ако се исполнат сите бонуси. Довбик сакаше да дојде само во Рома и ќе потпише договор на пет години. Артем ќе пристигне во Рим утре каде ќе ги помине медицинските прегледи. Џирона ќе има 10% од следната продажба на Довбик ако следниот трансфер изнесува максимум 38,8 милиони евра. Претходно Довбик лично го одби Атлетико Мадрид бидејќи не му се допаѓаше нивниот спортски проект.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.