Арсенал е на чекор од потпишување на Мерино!

July 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Арсенал е на чекор од потпишување на Мерино!

Арсенал се приближува кон договор за Микел Мерино каде вербалниот договор сега е многу близу. Мерино веќе постигна договор со Арсенал каде Шпанецот стави приоритет токму на клубот од Лондон. Трансферот би требало да изнесува околу 30 милиони евра, а преговорите продолжуваат меѓу двата клуба каде договорот треба наскоро да биде финализиран. Веднаш по оваа информација, Фабрицио Романо објави и дека Реал Сосиедад е во напредни разговори со ПСЖ за трансфер на Карлес Солер како замена за Микел Мерино.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.