August 1, 2024 | | Македонија
Гостивар и официјално го потврди трансферот на Набил Дирар кој доаѓа од првенството на Луксембург каде настапуваше минатата сезона. Ова е најверојатно најголемото име кои било дел од македонскиот фудбал. Дирар има настапувано за Фенербахче, Бриж и за Монако, а сега стави потпис на договор со македонскиот прволигаш. Мароканскиот интернационалец кој сега има 38 години дури пет сезони играше за турскиот гигант Фенербахче, поточно од 2012 до 2017 година, а беше дел од тимот и во дуелите против Вардар, во сезоната кога натрофејниот македонски клуб успеа да се пласира во групната фаза од Лига Европа.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |