Милан минимално го совлада Реал на дебито на младиот Ендрик! (ВИДЕО)

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Милан минимално го совлада Реал на дебито на младиот Ендрик! (ВИДЕО)

Тимот на Милан минимално го совлада Реал Мадрид со голот на Чукуезе на асистенција на Либерали. Милан одигра подобар натпревар и ако беа поефикасни можеа да победат и поубедливо. После голог на Чукуезе темпото на натпреварот опадна и после 55. минута кога падна голот, немаше промена на резултатот. Ова за „црвено-црните“ беше втора победа во низа на турнејата во САД по она над Манчестер Сити. Наредниот натпревар Милан ќе го одигра против Барселона, а интересно што и следниот натпревар на Реал Мадрид е против Каталонците.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.