Барселона се договори со Олмо, но не и со Лајпциг!

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона се договори со Олмо, но не и со Лајпциг!

Фабрицио Романо пренесе дека Барселона постигнала договор со Дани Олмо. Станува збор за договор до 2030 година каде Шпанецот силно сака да им се придружи на Каталонците. Како што наведува тој, понудата на Барселона е 55 милиони евра фиксни, четири милиони во лесно остварливи бонуси и три милиони евра потешко остварливи бонуси. Но, стигна и информација од новинарот Тони Хуанмарти кој пренесува дека во Лајпциг не биле задоволни ни од втората понуда на Барселона, особено не на начинот на кој се распоредени парите. Тие бараат повеќе пари генерално, но и поголема фиксна сума. Барселона се надева дека наредните денови ќе дојде до договор, а останува да се потврди дали втората понуда која е одбиена е истата онаа која Фабрицио Романо ја пренесе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.