August 1, 2024 | | Свет
Во рамките на пред сезоната Ливерпул и Арсенал се сретнаа и тоа во САД каде во Филаделфија Ливерпул славеше со 2-1 каде головите ги постигнаа Мохамед Салах и Фабио Карваљо, додека Каи Хаверц погоди за Арсенал. Она што беше интересно на натпреварот е интересната тактика при изведувањето на корнери од страна на Ливерпул. Ова се секако контролни натпревари па новиот тренер Слот реши да направи тест и да проба со ваквиот пристап. Цимикас изведе корнер од десната страна, а играчите на Ливерпул беа групирани на горниот дел од шеснаесетникот пред да се разбијат на различни позиции откако грчкиот дефанзивец го изведе корнерот. Допрва ќе се види дали оваа тактика ќе ја применуваат во Премиер лигат и дали евентуално и другите тимови би пробале со вакво нешто. Интересно е што Ливерпул се обиде баш против Арсенал, тимот кој минатата сезона беше еден од најдобрите во изведувањето, како и бранењето на корнери каде низ целата сезона можевме да видиме како десниот бек Бен Вајт им попречува и стои пред противничките голмани се со цел да не можат да дојдат до топката.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |