Јунајтед под притисок: Ќе забрзаат со трансфери на две позиции!

August 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Јунајтед под притисок: Ќе забрзаат со трансфери на две позиции!

Сезоната на Јунајтед започна очајно кога станува збор за повредите на перспективните играчи. Јоро ќе отсуствува околу три месеци, Хојлунд ќе го нема шест недели, а за Рашфорд и Ентони кои исто така се повредија се очекуваат повеќе информации. Ова ќе ги примора да мораат да ангажираат нови фудбалери и тоа наскоро бидејќи Премиер лигата започнува за околу две недели. Како што известува „The Telegraph“, Ајван Тони е прва мета и дефинитивен избор во овој момент. Наводно, Тен Хаг би сакал да има уште еден напаѓач покрај Зиркзе кој е млад и неискусен, а враќањето на Хојлунд ќе потрае. Опции во одбраната се Де Лихт и Брантвајт. За Холанѓанецот се бара над 50 милиони евра, а за Брантвајт Евертон бараше и над 75 милиони фунти. Најверојатно Јунајтед ќе донесе одлука да тргне по еден дефанзивец, а во меѓувреме ќе мораат и некој да продадат. Тен Хаг веќе нема право на грешки бидејќи доби нова шанса од страна на новата управа на Јунајтед па ќе биде под притисок истата да се обиде да ја оправда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.