Големи промени во Баерн: Можат да заминат осум фудбалери!

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Големи промени во Баерн: Можат да заминат осум фудбалери!

Се спрема голема чистка во Баерн Минхен каде до крајот на месецот би можеле да заминат дури осум фудбалери. Изненадувачки му беше дадена шанса на Винсент Компани како нов тренер па очигледно следуваат и големи промени во клубот од Минхен. Пристигнаа Мајкл Олисе, Жоао Палиња и Хироки Ито, а постојат шанси да пристигнат уште фудбалери. Баерн пак наводно е спремен да ги пушти Горецка, Де Лихт, Мазрауи, Коман и Кимих кои се први на листата. Исто така, тие би преговарале и за Сане, Гнабри и Дејвис ако пристигнат добри понуди.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.