August 3, 2024 | | Свет
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти во разговор со Оби Микел зборуваше за Еден Азар и неговата кариера во Реал Мадрид. Според него, повредите беа една од причините за неговиот неуспех, но и дека не знаел и како да се справи со големата конкуренција на „Бернабеу“. Еден Азар е убедливо најголемото промашување во историјата кога ќе се спореди колку било вложено за тој трансфер и колку тој одиграл за вложените средства. „Еден Азар е фантастично момче, сите веднаш го прифатија и имаше добар однос со останатите играчи. Да повредите беа една од причините зошто не се снајде, но имаше и проблем со тоа што не можеше да биде конкурентен за место во тимот“ – вели тренерот на Реал Мадрид. Тој објаси дека кога не игра, секој фудбалер треба да тренира со висок интензитет. „Во Лил играше на сите натпревари, исто и во Челси, беше фантастичен. Но потоа имаше повреда. А кога сте во Реал Мадрид и се враќате од повреда, морате да бидете конкурентни бидејќи секогаш има некој кој е подготвен да го завземе вашето место“, дополни Анчелоти.
Ancelotti explains Eden Hazard's situation pic.twitter.com/1nrc74atp3
— Rk (@RkFutbol) August 2, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |