Гвардиола остана зачуден кога го слушна прекарот на тренерот на Челзи! (ВИДЕО)

August 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола остана зачуден кога го слушна прекарот на тренерот на Челзи! (ВИДЕО)

Во рамките на пред сезоната Манчестер Сити и Челзи вечерва ќе одиграат пријателски натпревар. Пеп воедно ќе се соочи со неговиот поранешен асистент во Сити, Енцо Мареска кој сега е тренер на Челзи. Она што се очекува е натпреварот да биде динамичен со тактички надмудрувања од двете страни каде и двете екипи сакаат да ја имаат топката во нозе. Гвардиола беше запрашан за прекарот на Мареска па остана зачуден. Прекарот на Италијанецот е „Diet Pep“ што е навистина необично, па Пеп мораше да добие дополнително објаснување. „Како тебе, ама не баш како тебе“, му беше порачано на Гвардиола и тој сфати зошто е тоа така. „Тоа е поради косата…и брадата“, дополни Пеп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.