August 3, 2024 | | Свет
Челзи е во активни преговори со Атлетико Мадрид за Конор Галагер кој веќе одби две понуди за продолжување на соработката со Челзи па беше отстранет од тимот. Тој беше информиран дека нема потреба да се пријави во тренинг комплексот и дека е слободен да си земе дополнителен одмор, се до расчистување на неговата иднина. И претходно Галагер беше близу да замине од Челзи но тогаш Покетино не дозволи тој да го напушти клубот од Лондон. Најверојатно Мареска не смета на него па така очекува оваа ситуација наскоро да биде решена. „Не можам да кажам повеќе детали на таа тема. Единственото што можам да го кажам е дека клубот бара брзо решение. Мислам дека оваа тема не е баш нова во клубот. Во фудбалскиот свет, секое лето има некоја ситуација и некој проблем со одреден фудбалер. На крајот, најдобро е да се најде решение и сите да бидат среќни. Се надевам дека брзо ќе се реши оваа ситуација“, изјави Мареска.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |