Младите разиграни: Барса издвои победа во „Ел Класико“ во пред сезоната! (ВИДЕО)

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Младите разиграни: Барса издвои победа во „Ел Класико“ во пред сезоната! (ВИДЕО)

Барселона успеа да го совлада својот најголем ривал Реал Мадрид во познатото „Ел Класико“ во рамките на пред сезоната со резултат од 2:1. Првиот гол падна во 42. минута кога Левандовски сакаше да шутира, но топката дојде до Пау Виктор кој погоди и воедно беше ѕвезда на вечерта. После осум минути во второто полувреме, Пау Виктор стрелаше уште еднаш и го зголеми водството на каталонскиот клуб на 2-0. Голот за Реал Мадрид го постигна Нико Паз кој по еден центаршут од корнер погоди во 81. минута.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.