Анри за советот од Венгер кој му ја промени кариерата: Ми рече дека си го трошам времето

August 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри за советот од Венгер кој му ја промени кариерата: Ми рече дека си го трошам времето

Анри се смета за еден од најдобрите играчи во Премиер лигата воопшто каде остави длабок траг во англискиот фудбал, како и во светскиот фудбал генерално. Неретко Анри го споменува Арсен Венгер и раскажува за тоа колку тој му помогнал во неговата кариера. Претходно Анри зборуваше дека имало период во Арсенал кога се чувствувал дека неговите колеги не го проигруваат доволно каде Венгер го запрашал што тој може да направи за да му помогне на тимот, а не само да се жали. Сега пак, Анри зборуваше за друга ситуација поврзана со Венгер во периодот кога тој играл за Јувентус каде во тој период Анри играл како дефанзивно крило и добивал дефанзивни задачи. „Неколку години по неговото заминување од Монако, Арсенл дојде да гледа меч меѓу Јувентус и Удинезе од кој и јас бев дел. По натпреварот се враќав за Париз и бевме во ист авион. Тој ми кажа дека го гледал мечот и во тој момент си разменивме броеви. Веднаш ми кажа дека не може да сфати зошто играм како дефанзивно крило. Ми порача дека си го трошам времето и дека тој ме памети како „деветка“ во младинскиот погон на Монако. На заминување, тој ми порача дека ќе биде убаво ако повторно ни се вкрстат патиштата, а останатото е веќе историја“, откри Анри.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.