August 4, 2024 | | Свет
Николас Пепе кој е убедливо најголемото промашување во историјата на Арсенал беше купен за сума од 80 милиони евра од страна на „топџиите“, а денеска пак беше потврдено дека потпишал за Виљареал. Додека беше член на Арсенал, беше испратен на позајмица во Ница, а потоа тој бесплатно премина во Трабзонспор каде настапуваше со македонскиот репрезентативец Енис Барди. По истекот на договорот со Трабзон крилниот офанзивец преговараше со неколку клубови, за на крајот да потпише договор со Виљареал. Овој трансфер дојде како тотално изненадување за фудбалскиот свет каде Пепе ќе има нова шанса можеби токму во Шпанија да ја оживее кариерата каде потпиша договор на две години.
🍿 Id pillando palomitas para la nueva temporada 🍿 pic.twitter.com/2C2retQCzQ
— Villarreal CF (@VillarrealCF) August 4, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |