August 5, 2024 | | Свет
Атлетико Мадрид е на чекор од ангажирање на Хулиан Алварез, напаѓачот на Манчестер Сити. Аргентинецот изрази огромно незадоволство бидејќи минатата сезона имаше слаба минутажа каде секогаш пред него играше Халанд. Сеуште нема комплетен договор меѓу клубовите, но моментално се разговара за финалната цена и за структурата на плаќањето. Остварен бил сериозен напредок во преговорите во споредба со претходната недела а Сити очекува понудата да биде пет пати поголема од тие 14 милиони фунти кои клубот од Манчестер ги плати за Алварез кога го ангажираше од Ривер Плејт во 2022 година. Се очекува Алварез и Атлетико Мадрид брзо да најдат решение, а Алварез минтата сезона постигна 19 голови и 13 асистенции на 54 натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |