Барселона мака мачи да се спаси од Де Јонг!

August 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона мака мачи да се спаси од Де Јонг!

Барселона веќе неколку сезони се обидува да го продаде Френки Де Јонг, играчот од средниот ред кој има превисока плата од околу 34 милиони евра бруто, плата која му беше дадена од претходната управа на Барселона која го доведе клубот скоро до банкрот. Проблемот е што Де Јонг не сака да слушне за заминување, ниту пак продолжување на договорот со намалена плата. Моменталниот договор му истекува во 2026 година, а во последно време често е повреден. Барселона за Де Јонг наводно ќе прифати и понуда од 40 милиони евра, но прашање е дали некој тим ќе успее да го убеди Де Јонг да замине. Во 2022 година Барселона се договори со Јунајтед за негова продажба, но Френки одби да премине во Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.