August 6, 2024 | | Свет
Медиумите во Полска пренесуваат една бизарен настан кој се случил пред дуел од Лигата на Шампиони. Имено, судиите Бартош Франковски и Томаш Мусиал биле приведени затоа што краделе сообраќајни знаци. Предвидено беше овој судиски тандем да биде во ВАР собата на натпреварот помеѓу Динамо Киев и Ренџерс, но поради оваа случка тие ќе бидат отстранети. Полскиот ТВП спорт објави дека Франковски и Мусиал вчера околу 1:30 часот украле сообраќајни знаци. Полицијата добила дојава дека некој намерно ги унштува и краде сообраќајните знаци на улиците. „Околу 1.30 часот добивме дојава дека тројца мажи крадат сообраќајни знаци на улица. Полицијата излезе на терено, а сите приведени лица имаа над 1,5 промили алкохол во крвта“, соопштија од полицијата. На нивно место во ВАР собата ќе бидат Томаш Кваитовски и Павел Малец.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |