August 6, 2024 | | Свет
Златан Ибрахимовиќ во моментов работи како советник во Милан. Тој реши да даде интервју за „The Athletic“, во кое зборуваше за својата нова улога како советник. „Имам влијание врз многу прашања во клубот. Мојата задача е да донесам резултати и да ја зголемам вредноста на тимот и амбициите за победи. Не сум дадилка. Моите играчи се возрасни луѓе и мораат да преземат одговорност. Мораат да дадат 200 проценти кога не сум таму“, рече Златан. Тој воедно рече и дека не верува во бог и дека само тој може да си суди за своите постапки. „Не сум верник. Верувам само во почитта. Само јас можам да си судам на себеси. Не верувам во Бог. Кога мојот брат умираше од леукемија, каде беше Тој? Му се молиш секој ден, му се заблагодаруваш секој ден, но каде е Тој во такви моменти? Во мојот свет, секој е свој Бог. Во тоа јас верувам“, рече Ибрахимовиќ за „Athletic“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |