Анри: Го живеам сонот и не сакам да се разбудам од него!

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анри: Го живеам сонот и не сакам да се разбудам од него!

Тјери Анри е тренерот на Франција на Олимписките игри каде успеаа да се пласираат во финалето и ќе се сретнат со Шпанија. Анри е презадоволен од овој исход и рече дека го живее својот сон и дека не сака да се разбуди. „Ќе бидам искрен, првенствено сум среќен за олимпискиот тим на Франција. Кога гледате како земаат медали на сите полиња морате да си кажете себе си дека не смеете вие да разочарате. Не смеете да бидете дел од тим кој не освоил ниту еден медал. За тоа повеќе не се грижам, сега останува само да видиме која боја ќе биде. Јас го живеам мојот сон и не сакам да се разбудам од него“, вели Анри. Во својата историја, Франција има освоено едно олимписко злато освоено во 1984 година во Лос Анџелес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.