August 7, 2024 | | Свет
Реал Мадрид успеа да го совлада Челзи со 2:1 во контролниот натпревар одигран во Шарлот, САД. Тимот од Мадрид поведе во 19. минута со гол на Лукас Васкез. Осум минути подоцна веќе беше 2:0, а стрелец на погодокот беше Брахим Диаз кој го помина голманот, а добри одличен тривела пас од Винисиус. Мадуеке намали на 2:1 на пет минути до крајот на првото полувреме кога успеа да погоди со глава, а тој беше и конечниот резултат. Исто така, Милан на пенали ја совлада Барселона во натпревар кој во регуларниот дел заврши 2:2. Во 10. минута Милан поведе преку Јовиќ на асистенција на Пулишиќ, а пет минути подоцна самиот Пулишиќ даде гол за 2:0. Се играше 22. минута од натпреварот кога Левандовски го смали резултатот на 2:1 и тоа беше последниот гол од првото полувреме. Во 58. минути на асистенција на Пау Виктор Левандовски убаво погоди за 2:2 и потоа се премина на изведување на пенали. Барселона во пенал серијата промаши трипати од шест обиди, Милан двапати па така успеаа да го добијат натпреварот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |