Гвардиола зачуден од Де Брујне: Објасни ми ја оваа фризура! (ВИДЕО)

August 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гвардиола зачуден од Де Брујне: Објасни ми ја оваа фризура! (ВИДЕО)

Манчестер Сити полека се подготвува за дуелот против Јунајтед во рамките на финалето на Комјунити Шилд, дуел кој ќе се игра на 10-ти август. Поздравувајќи се со играчите Пеп Гвардиола го забележа новиот имиџ на Де Брујне кој ја има врзано косата во кратко репче. Во еден момент Пеп му рече на Де Брујне: „Треба да ми ја објасниш оваа фризура“. Се чини дека владее добра атмосфера во тимот на Сити кој се спрема за новата сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.