Гризман на посебен начин го најави засилувањето од Манчестер Сити! (ФОТО)

August 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Гризман на посебен начин го најави засилувањето од Манчестер Сити! (ФОТО)

Атлетико Мадрид сериозно се засилува ова лето и планира да направи конкурентна екипа наредната сезона. Се засилија со Ле Норманд, а близу се да го потпишат и Конор Галагер од Челзи. Исто така, во секој момент се очекува и официјална потврда за трансферот на Хулиан Алварез од Манчестер Сити кој треба да го комплетира најголемиот трансфер во досегашниот тек на преодниот рок. Атлетико ќе плати максимум 95 милиони евра од кои 75 се фиксни и 20 во бонуси. Доказ дека трансферот е завршен е и твитот на Антоан Гризман. Гризман објави „пајак“ на социјалната мрежа „Икс“, а ова всушност е прекор на Алварез кој го нарекуваат „Ел Арања“ (пајак).

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.