August 7, 2024 | | Свет
Барселона очигледно и ова лето ќе сака да го продаде Френки Де Јонг кој наводно има плата од неверојатни 37,5 милиони евра бруто. Според информациите на англискиот новинар Мајкл Плант, Јунајтед ја контактирал Барселона каде се распрашале за Холанѓанецот. „Манчестер Јунајтед направи чекор кон Френки Де Јонг. Премиерлигашот е расположен да даде меѓу 30 и 40 милиони фунти за него, но останува нејасно дали Ханси Флик ќе дозволи трансфер“, пишува Плант. Тен Хаг сеуште смета дека Де Јонг ќе биде вистински погодок за неговиот тим откако во 2022 година тимовите успеаа да се договорат за негов трансфер, но самиот играч одби да премине во Јунајтед. Де Јонг во моментов е повреден, а допрва ќе видиме дали до крајот на трансфер периодот би можел да го промени клубот. Во моментов ништо не е конкретно или во напредни разговори, туку Јунајтед сака да добие информација дали воопшто ваквиот трансфер е можен.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |