ОФИЦИЈАЛНО: Чурлинов се пресели во Јагелонија

August 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Чурлинов се пресели во Јагелонија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов донесе одлука кариерата да ја продолжи во Полска во редовите на Јагиелонија. По завршувањето на позајмицата во Шалке тој реши да се врати назад во Барнли, но очигледно не беше дел од плановите на тимот за новата сезона во Чемпионшип. Тој ќе биде на позајмица во Полска до крајот на сезоната каде неговиот нов клуб сезоната во полското првенство ја започна со три победи, а исто така го мина и второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. „Ме привлече проектот на Јагелонија и тоа што ќе бидат дел од Европа, овде луѓето покажаа голем интерес за мене и тоа ми беше важно и пресудно, затоа прифатив да дојдам овде, порача Чурлинов по потписот со овој клуб“, рече тој.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.