Каталонските медиуми тврдат: Миовски потпишува за Џирона и ќе игра ЛШ!

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Каталонските медиуми тврдат: Миовски потпишува за Џирона и ќе игра ЛШ!

Џирона го продаде украинскиот напаѓач Артем Довбик во Рома, па сега се во потрага по негова замена, а изборот паднал на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, пренесува „Mundo Deportivo“. Според нивните инфорамции, тој ќе го комплетира трансферот до крајот на неделата и со тоа ќе го засили тимот за престојните настапи во ЛШ. Во моментов нема информации за висината на трансферот, како и платата на Миовски. Истиот медиум тврди дека неговиот клуб Абердин одбил 3,5 милиони евра од Еспањол за Миовски.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.