Де Хеа конечно најде клуб, се сели во Серија А!

August 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Де Хеа конечно најде клуб, се сели во Серија А!

Според информациите на Фабрицио Романо, Фиорентина е близу да го заврши трансферот на Давид Де Хеа. Тој повеќе од една година е без клуб, откако минатото лето му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Де Хеа се согласил за нијанса да ја намали платата и сега се договорил за годишна плата од три милиони евра. Тој ќе потпише договор на една година со опција за продолжување уште една, а закажани се и медицинските прегледи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.