Челзи ќе има 43 играчи во составот: Педро Нето ќе биде новото засилување!

August 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Челзи ќе има 43 играчи во составот: Педро Нето ќе биде новото засилување!

Фабрицио Романо пренесува дека Челзи успеал да го договори трансферот на крилниот напаѓач на Вулверхемптон Педро Нето. Трансферот ќе изнесува 60 милиони евра фиксни и уште три во бонуси. Нето веќе ги договорил личните услови со лондонскиот клуб. Лекарските прегледи на Нето се веќе закажани и преостанува само уште официјалната потврда. Од друга страна Вулвс како негова замена би требало да го доведат Карлос Форбс од Ајакс.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.