Стигна и потврда: Де Лихт и Мазрауи потпишуваат за Јунајтед!

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна и потврда: Де Лихт и Мазрауи потпишуваат за Јунајтед!

Манчестер Јунајтед успеа да се договори со Баерн Минхен за трансферите на Де Лихт и Мазрауи. Трансферот на стоперот ќе чини 45 милиони евра фиксни плус пет милиони евра во бонуси кои ќе бидат лесно остварливи. Тој ќе потпише договор на пет години, а ќе има опција за продолжување за уште една.. Исто така, договорен е и трансферот на Мазрауи кои ќе чини 15 милиони евра фиксни и пет милиони евра во бонуси кои и за овој трансфер ќе можат лесно да бидат остварени. Во меѓувреме, само ситни детали остануваат за да биде завршен и трансферот на Ван Бисака во Вест Хем и истиот ќе изнесува 15 милиони фунти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.