Почетни состави: Јунајтед со ѕвездите во напад, Сити со неколку младинци!

August 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Почетни состави: Јунајтед со ѕвездите во напад, Сити со неколку младинци!

Јунајтед и Сити ќе ги одмерат силите за титулата на Комјунити Шилд со почеток од 16 часот на „Вембли“. Ерик Тен Хаг извади поискусен состав, а летното засилување Зиркзе остана на клупата. Гвардиола пак реши да им даде шанса на четворица младинци. Де Брујне и Силва не се во стартниот тим, а не е стартер ниту Родри, а исто така Грилиш отпадна поради повреда. Манчестер Јунајтед: Онана, Далот, Мегваер, Мартинез, Еванс, Каземиро, Маино, Бруно Фернандез, Маунт, Амад, Рашфорд Манчестер Сити: Едерсон, Аканџи, Диаз, Гвардиол, Луис, Мекати, Орајли, Ковачиќ, Боб, Доку, Халанд

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.