August 11, 2024 | | Свет
Спортскиот директор Џовани Мана, призна дека нивната ѕвезда Виктор Осимен сака да го напушти клубот ова лето. Тој не беше повикан за мечот против Модена во првото коло од италијанскиот Суперкуп. „Виктор сака да замине. Имаме играчи во тимот кои можат да го заменат. Осимен е одличен играч, но сакаме да му дадеме приоритет на тимот. Ќе видиме што ќе се случи во наредните 20 дена“, изјави Мана. Проблемот е сумата која Наполи ја бара каде се работи за околу 120 милиони евра. Преговорите со ПСЖ пропаднаа, Челзи не е спремен да ја плати сумата, а пред неколку недели Фабрицио Романо рече дека Осимен би бил спремен да заигра и во Саудиска Арабија само за да замине.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |