Сега ќе имаат седум крилни напаѓачи: Нето е нов фудбалер на Челзи!

August 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Сега ќе имаат седум крилни напаѓачи: Нето е нов фудбалер на Челзи!

Педро Нето и официјално е потврден како нов фудбалер на Челзи. Трансферот ќе изнесува 60 милиони евра фиксни и три милиони евра во бонуси и доаѓа од редовите на Вулверхемптон. Тој ќе потпише договор на шест години и ќе има опција за продолжување за уште една. Ова значи дека Челзи ќе има дури седум крилни напаѓачи. Покрај Нето, тука се и Стерлинг, Мудрик, Мадуеке, Палмер кој воедно игра и офанзивен везен играч, Џорџ и Анџело Габриел.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.