Со солзи во очите Миовски се прости од Абердин, навивачите гордо го испратија! (ВИДЕО)

August 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Со солзи во очите Миовски се прости од Абердин, навивачите гордо го испратија! (ВИДЕО)

Бојан Миовски денеска не играше против тимот на Сент Мирен и веројатно повеќе нема да игра за Абердин бидејќи го чека трансфер во Жирона. Неговиот Абердин на домашен терен го совлада Сент Мирен со 3-1 во рамките на 2. коло во шкотскиот шампионат. По завршувањето на натпреварот, навивачите гордо го поздравија и пееја песни во негово име на што Миовски реагираше многу емотивно. Неговиот трансфер во Жирона би требало да биде комплетиран во текот на следната недела.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.