June 6, 2024 | | Свет
Според информациите на германскиот новинар Florian Plettenberg, крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња ќе остане и дека Флик го има во неговите планови. Тој смета дека Рафиња е потенцијално клучен играч во неговиот тим.
Конечна одлука за неговата иднина се уште нема, а тој има договор до 2027 година со Барселона. Тој доjде во Барселона во 2022 година кога беше купен за 50 милиони фунти плус 5 милиони фунти во различни бонуси.
Според Transfermarkt, вредноста на играчот е 50 милиони евра.
Минатата сезона настапи на 37 натпревари, постигнувајќи 10 голови и 13 асистенции, а посебно се истакна во важните натпревари на Барселона и покажа огромен тимски дух.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |